Земјоделска задруга ПОРЕЧАНКА - КООП
Дома

Според природните ресурсите што ги имаме во поречкиот регион, решивме да формираме кооператива и тоа ПОРЕЧАНКА – КООП преку која што ќе можеме поорганизирано да најдеме пласман на нашите производи на пазарите низ Републикава па можеби и Европа. Моментално членуваат околу 35 кооперанти и тоа пчелари и собирачи на костени кои ги работат двете работи паралено. Во Порече има околу 180 активни пчелари од кои 120 произведуваат костенов мед во зависност од медосноста на годината можат да се добијат над 100 па и повеќе тони квалитетен мед.